Џанфранко Ѕола кој влегува меѓу легендарните фудбалери на англискиот состав Челзи се осврна на најавениот трансфер на Ромелу Лукаку во редовите на италијанскиот Интер.
Според најавите, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, има реална шанса да се активира во Серија „А“ доколку двата тима успеат да се договорат околу трансферната сума. Интер нуди одредена сума на пари плус еден фудбалер додека тимот од „Олд Трафорд“ инсистира да добие 75 милиони евра за да му дозволи на Лукаку да потпише за Интер.
„Лукаку има идеалните карактеристики за да игра за сегашниов тим на Интер предводен од Конте. Тренерот го има потребното искуство и ќе сака упорноста од Челзи да ја покаже во Интер“ – вели Ѕола.