Фудбалерот од средниот ред на Лацио, Лукас Леива ја искористи паузата во првенството поради коронавирусот да се подложи на артроскопија на менискусот, објави агенцијата „АНСА“.
33-годишниот Бразилец, кој ја игра својата трета сезона во Лацио, беше подложен на операција на клиника во Рим и ќе се опоравува околу два месеци.
Леива може да се врати на теренот за можното продолжување на Серија А во текот на летото. Шампионатот беше прекинат на 9 март поради пандемијата и не е јасно кога ќе продолжи.