Напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај ги договорил деталите за неговиот договор со Барселона, објави француското издание на „Л‘Екип“.
27-годишниот Холанѓанец ќе се пресели на „Камп Ноу“ како слободен агент откако Олимпик Лион не успеа да го убеди да го продолжи договорот.
Депај се очекува официјално да се пресели во Барселона пред почетокот на Европското првенство. Вчера тој одби да ги открие своите планови, но според „Л‘Екип“ наскоро ќе го потврди договорот со Каталонците.

