Хрватот, Лука Модриќ, со освојувањето на – „Златната топка“ ја прекина десет годишната доминација на Роналдо и Меси и стана првиот играч од Балканот кој успеал да го подигне вредното признание на – „Франс фудбал“.
По церемонијата оддржана во понеделникот во Париз, не престануваат реакциите во фудбалската јавност дали одлуката е коректна бидејќи имаше играч кои освоија повеќе трофеи од Модриќ од типот на Гризман или Варан.
Последен на таа тема проговори членот на Барселона, Клемен Ленгле. Францускиот дефанзивец вели дека Модриќ го заслужил индивидуалното признание иако дел од неговите сонародници исто така имаа белскава сезона.