Барселона може да постигне гол без својата најголема ѕвезда, Лионел Меси, изјави играчот на шпанскиот шампион Клеман Ленгле.
Доцна синоќа „Барселона ја победи Севиља со 4:2 на домашен терен, а Меси заработи повреда на лактот уште во првиот дел од дуелот, а подоцна се покажа дека добил фрактура која ќе го извади од терените околу еден месец.
Аргентинецот постигна гол и имаше асистенција додека беше на теренот, но потоа беше принудно заменет од Осман Дембеле поради повреда на лактот и нема да игра во следните три недели.
„Можеме да постигнувае голови без Меси, го покажавме тоа на оваа средба “, рече Ленгле во изјава по натпреварот. Според првите прогнози Лионел Меси се очекува да го пропушти „Ел Класико“, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид на 28 октомври на „Камп Ноу“ , а исто така ќе го нема на двете средби од Лигата на шампионите против Интер..