Голманот на Арсенал, Берн Лено, кој настрада по дуелот со противничкиот фудбалер на саботниот меч на теренот на Брајтон, може да го пропушти крајот на сезоната, информираат медиумите во Англија.
Според весникот –„Сан“, Германецот најверојатно потешко ги повредил лигаменти на левото колено и според првичните проценки може да паузира дури и една година. Голманот кој е еден од најредовните играчи кај Микел Артета, беше изнесен на носилки по судирот со Нил Мопе. Неговото место го зазеде Емилијано Мартинез.
Доколку се потврдат црните предвидувања околу тежината на повреата на Лено, тогаш „топчиите“ дефинитивно ќе мора да побараат нов чувар на мрежата.