Во 1/4 финалето од Купот на Шпанија, Барселона успеа да се извлече во последните моменти од средбата со Гранада и да се избори за продолжение кое го доби во своја корист.
Средбата се одигра синоќа на стадионот на Гранада и заврши со победа на гостите во продолженијата со резултат 5:3. На оваа средба играчот на Барселона, Лионел Меси имаше една систенција, а според она што беше објавено по средбата, тоа беше неговата 300-та асистенција во кариерата. Досега има 259 за клубот и 41 за националниот тим на Аргентина.
Херој на вчерашниот натпревар беше Жорди Алба кој го постигна израмнувачкиот гол за 2:2 и за продолжение, но постигна уште еден гол во продолженијата на оваа средба.