Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Лео Меси утре ќе одржи прес-конференција на „Камп Ноу“
    Фудбал

    Лео Меси утре ќе одржи прес-конференција на „Камп Ноу“

    risteBy riste07/08/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Големата sвезда на светскиот фудбал Лионел Меси ќе каже своето мислење за ситуацијата што го шокираше фудбалскиот свет последните денови. Аргентинецот ќе одржи прес -конференција утре во 12 часот на стадионот „Камп Ноу“.

    Во текот на вчерашниот ден, прес -конференција одржа претседателот на Каталонците Жоан Лапорта, кој го обвини претходното раководство на клубот и наследството што го остави, за фактот дека Барселона не може да ги исполни барањата на Ла Лига за финансиски фер -плеј и затоа не може да го регистрира Лионел Меси, иако двете страни се договорија за нов договор. Првиот човек на Барселона откри дека им понудил на играчот и неговиот татко да дадат заедничка прес -конференција, но тие го одбиле.

    Синоќа се тврдеше дека Меси практично се договорил со ПСЖ, од каде што му бил понуден договор на 2+1 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.

    13/08/2022

    Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата

    13/08/2022

    Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите

    13/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.
    • Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата
    • Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово
    • Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите
    • Њукасл нема да бара замена за Шелви
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.