Леон Горецка нема намера да го напушти Баерн Минхен уште во зимскиот преоден рок, иако од почетокот на сезоната забележа само три настапи во сите натпреварувања и се чини дека Винсент Компани нема да смета на него.
Горецка, кој во баварскиот гигант пристигна во 2018 година, има договор со Баерн до летото 2026 година.
Иако не играше во последно време, Горецка повеќе би сакал да остане на Алијанц Арена и да се бори за стартно место отколку да го менува тимот. Еден од тимовите кои го посакуваа Германецот беше Манчестер Јунајтед, но не беше постигнат договор минатото лето.
Откако беше резерва во Баерн, Горецка го загуби и местото во германската репрезентација, со тоа што сега има 29 години и се очекува да донесе конечна одлука следното лето во обид да најде тим на највисоко ниво, каде што редовно ќе игра.

