Германкиот фудбалски клуб Унион Берлин официјално го објави трансферот на дефанзивецот Леонардо Бонучи од Јувентус.
„Посебно ми е важно да направам чекор во странство за прв пат во кариерата. Во Унион Берлин имам можност да продолжам да играм на највисоко ниво и да ја поддржувам екипата на нејзиниот пат низ три тешки натпреварувања, користејќи го моето искуство. Со нетрпение ја очекувам оваа нова фаза во мојата кариера“, изјави Бонучи за прес-службата на германскиот клуб.
36-годишниот Бонучи 12 години играше за италијанскиот Јувентус (додека во сезоната 2017/2018 настапуваше за Милан). Бонучи минатата сезона одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 1,5 милиони евра.

