Поранешниот директор на фудбалскиот состав Милан, Леонардо, вели дека „росонерите“ направиле голема грешка кога ја прекинале соработката со легендарниот дефанзивец, Паоло Малдини.
Бразилецот изјави дека кризата во клубот е времена и дека Малдини бил душата на тимот.
„Милан се чувствува празен но, тоа ќе помине. Верувам дека клубот ја виде грешката” – изјави Леонардо.

