Поранешниот фудбалер, директор и тренер на Милан Леонардо се врати во гигантот од Милано. На Леонардо ќе му бидат доверени сите спортски и технички работи во клубот.
Враќањето на Леонардо во клубот го зголемува расположението јкај навивачите на клубот затоа што тој има богато меѓубнародно искуство и сигурно ќе му помогне на тимот да дојде до подобро преставување во Европа.
Името на Леонардо е од историско значење за Милан. Како фудбалер и раководител му помогна на Милан да ги постигне своите најголеми успеси. Неговата авантура во Милан започнува уште како фудбалер во далечната 1997. Останува во тимот на „росонерите” во текот на 5 сезони. Тој го освои 16. Скудето во историјата на Милан, како и Купот на Италија.
Во дресот ан Милан има одиграно 124 натпревари и постигнато 30 голови. Леонардо потоа се посвети на раководната работа во клубот. Во јуни 2009 година тој стана тренер на тимот, заменувајќи го Карло Анчелоти.