Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо изјави дека клубот нема да се раздели со тренерот Томас Тухел.
„Договорот на Тухел со ПСЖ важи уште една година. Тој ќе продолжи да го води тимот следната сезона. Тој направи одлична работа и покажа добри резултати. Што се однесува до продолжувањето на договорот, ќе имаме време да размислиме за тоа. Важно е да се напомене дека не сум контактирал со други тренери. Ние сме целосно транспарентни во нашите односи со Тухел“, изјави Леонардо.
Тухел го води ПСЖ од 2018 година. Под негово водство, парискиот клуб двапати стана шампион на Франција и двапати го освои Суперкупот на земјата. Во сезоната 2019/20 од Лига на шампиони, ПСЖ стигна до четвртфиналето.