Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо проговори за ситуацијата со дефанзивецот Серхио Рамос во тимот. Шпанецот го пропушти најголемиот дел од сезоната поради повреда.
„Кога потпишавме со Рамос, тој беше во одлична физичка форма. За жал, не се случи она што го очекувавме. Во оваа ситуација, тоа е тешко за сите: и за него и за нас. Но, нашите планови се јасни. На денот кога ќе кажеме дека Серхио повеќе не може да игра, се ќе им стане јасно на сите. Но, тоа не е така. Долгото отсуство го спречува Рамос да ја преземе лидерска улога. Нема да донесуваме избрзани заклучоци, бидејќи сезоната се уште не е завршена. Но, не се плашам да преземам одговорност за грешките кога ги правам“, изјави Леонардо за „L’Equipe“.