Новиот играч на Баерн (Минхен) Лерој Сане ја одржа својата прва тренинг сесија во базата на клубот. Пред неколку дена, германскиот репрезентативец беше купен од Манчестер Сити за 49 милиони евра плус бонуси.
Денес тој тренирал заедно со Никлас Зуле, кој се опоравува од повредата, и со еден од фитнес тренерите. Другите играчи на шампионот на Германија се на одмор уште една недела. Сане сака да биде во форма откако испушти голем дел од сезоната поради сериозна повреда. Поради оваа причина, тој ќе продолжи да се подготвува и во наредните денови.
Следен предизвик за Баерн се подготовките за учество во Лигата на шампионите, каде екипата со една нога е во четвртфиналето. На 8 август, Баерн во Минхен ќе биде домаќини на Челзи во реваншот од осминафиналето со предност од 3:0 од првиот натпревар во Лондон.