Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Лерој Сане, ќе се пресели во Баерн Минхен за 110 милиони евра, пренесува „Франс Фудбал“.
Оваа сума ќе биде рекорд за минхенскиот гигант и германскиот шампионат. Сане веќе ги прифатил личните услови. Платата на Лерој Сане во Баерн ќе изнесува 18 милиони евра годишно. Тој ќе стане најплатен играч на клубот. Во моментов најмногу добива Роберт Левандовски (16 милиони евра годишно).
Минатата сезона 23-годишниот Лерој Сане одигра 47 натпревари за Манчестер Сити, постигна 16 гола и имаше 14 асистенции. Останува овој трансфер да биде потврден од страна на двата клуба во текот ан наредните денови.