Голманот на Еурофарм Пелистер, Урбан Лесјак, кој во текот на викендот го „прескокна“ градското дерби со вториот тим на битолчани, вели дека утрешниот меч со Мотор Запорожје во Европската лига е многу значаен за неговиот тим.
„Сами одлучуваме за нашата судбина. Во раце имаме можност да стигнеме и до трето место во групата што е сега наша цел. Екипата на Мотор е искусна, добар микс на зрели и млади ракометари„ – вели Лесјак.
„Нам ни преостанува добро да се подготвиме, да го прегледаме видео материјалот, да направиме тактичка припрема и да играме на победа“ – потенцираше 32-годишниот голман.