Лестер Сити го отпушти својот менаџер Клод Пуел по вчерашниот пораз од Кристал Палас во ова коло од Премиер Лигата.
Лестер Сити загуби на домашен терен со 1:4 и то аго натера раководството на поранешниот шампион на Премиер лигата на ваков потег. Ова беше трет последователен пораз за „лисиците” кои не победија во последните седум натпревари.
52-годишниот Французин го презеде Лестер Сити на 25 октомври 2017 година. Под негово водство, тимот забележа 19 победи и 24 порази во 56 натпревари. Клод Пуел го напушта својот тим оставајќи го на 12-то место во Премиер Лигата со 32 поени.