Лестер и Монако разменија играчи непосредно пред да затворањето на овој зимски трансфер период.
Англичаните го добија полудефанзивецот Јури Тилеманс, кој беше баран од Арсенал и Вест Хем, а во обратна насока се пресели Адриен Силва. И двајцата играчи се позајмени до крајот на сезоната.
Младиот белгиски фудбалер има постигнато 5 гола досега оваа сезона и се смета за исклучително талентиран. Во летото 2017 година, Монако го купи од Андерлехт, и тој сигурно беше еден од оние кои се преставуваа добро оваа сезона во Монако.
„Премиер лигата е едно од најсилните првенства во светот и сум многу радосен што сега ќе бидам дел од него”, изјави Тилеманс, кој ќе игра со бројот 21 и ќе може да дебитира уште во недела против Манчестер Јунајтед.