Брендан Роџерс веќе не е менаџер на Лестер Сити. Ова го објави прес-службата на англискиот тим на официјалната веб-страница.
49-годишниот Роџерс го презеде Лестер во февруари 2019 година. Пред тоа тренерот ги водеше Селтик, Ливерпул, Свонси и други клубови. Под негово водство, тимот го освои ФА Купот и Суперкупот. Договорот меѓу двете страни истекуваше летото 2025 година, но раководството на клубот реши предвреме да ја прекине соработката незадоволни од резултатите на клубот.
Лестер има освоено 25 бода на 28 натпревари во англиската Премиер лига и се наоѓа на претпоследното, 19. место на табелата.