Раководството на англискиот фудбалски клуб Лестер Сити нема намера да го продаде играчот од средниот ред Вилфред Ндиди, пренесува „ББС“.
Манчестер Јунајтед и ПСЖ се заинтересирани за 23-годишниот одбранбен играч од Нигерија, а притоа подготвуваат официјална понуда вредна 50 милиони евра за играчот. Ндиди, кој има 29 натпревари со 2 гола и 1 асистенција оваа сезона, се чувствува добро на стадионот „Кинг Пауер“ и исто така нема намера да замине.
Лестер е на третото место на табелата во Премиер лигата со 53 бода по одигрувањето на 29. кола од сезоната, што беше прекината во март поради пандемијата на коронавирусот. Тимот на Брендон Роџерс има предност од 8 поени пред петтопласираниот Манчестер Јунајтед и е сериозен кандидат за пласман во Лигата на шампионите.