Дефанзивецот на Лестер Сити Хари Мегуаер се надева дека ќе биде продеден во Манчестер Јунајтед. Според „Скај Спортс”,
„Црвените Ѓаволи“ направиле две понуди за англискиот репрезентативец, а втората понуда изнесувала 60 милиони фунти. Но, и двете беа одбиени од Лестер кои дури и сакаат да му понудат нов договор на играчот.
Според информациите од Англија, Хари Магуаер може да биде продаден, но само ако Манчестер Јунајтед за него плати 75 милиони фунти.
Иако Лестер тврди дека англискиот репрезентативец ќе остане, клубот во секој момент ќе ги финализира трансферите на двајца други централни дефанзивци. Тоа се Филип Бенковиќ од Динамо (Загреб) и Чаглар Сојонџиу од Загреб. Тие ќе чинат вкупно околу 35 милиони фунти.
Претходно денеска германските медиуми објавија дека одбрандбениот играч на Баерн Минхен, Жером Боатенг, се откажал од трансферот во Манчестер Јунајтед, но „Скај’ тврди дека тоа не е точно и таков договор се уште е можен.