Премиерлигашот Лестер Сити синоќа со официјално соопштение потврди дека претседателот на клубот Вишаи Шриваданапраба загина во хеликоптерската несреќа, која се случи на паркингот од стадионот „Кинг Пауер“ веднаш ппо натпреварот сомеѓу Лестер и Вест Хем.
Во соопштението се вели дека пет лица починаа при падот на хеликоптерот, а меѓу нив се и двајца пилоти, но не е потврдено кои се останатите две лица кои биле во хеликоптерот заедно со претседателот Вишаи Шриваданапраба.
Од старана на клубот исто така потврдја дека ги одложиле сите активностите за оваа недела, вклучувајќи го и натпреварот од четвртфиналето на Карабао Купот против Саутемптон. Од утре (вторник) наутро ќе биде отворена „Книгата на жалост“, а веќе навивачите на Лестер Сити спонтано доаѓаат пред стадионот „Кинг Пауер“ и со оставаат цвеќиња како сочувство за трагично починатиот претседател.