Од ФК Вардар утринава објавија фотографии од соблекувалната на гостинската екипа Рига од Летонија по завршувањето на првиот натпревар од 2.коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Рига го победи Вардар на теренот на нашиот најголем стадион, но според фотографиите и видео материјалот претерале со славењето па уништите дел од инвентарот во соблекувалната. Според фотографиите кои се објавени се гледа дека оштетување има на масите за масажа и неколку шкафчиња.

Останува да видиме дали Вардар како организатор на натпреварот ќе бара од гостинската екипа да ја надоместат штетата која ја направиле нивните играчи.




