Еден од кандидатите за селектор на руската фудбалска репрезентација е Јоаким Лев, кој ја напушти германската репрезентација по ЕП 2020.
На 2 јули, Рускиот фудбалски сојуз започна да бара кандидат за функцијата главен тренер а на списокот се двајца Руси и пет странци. Во исто време, сегашниот селектор, Станислав Черчесов, сè уште не поднел оставка.
Руската репрезентација не успеа да ја надмине групната фаза на Европското првенство. „Зборнаја“ претрпе два убедливи пораза од Белгија и Данска и ја победи Финска со минимален резултат

