Селекторот на Германија, Јоаким Лев го прокоментира настапот на голманот на Баерн, Мануел Нојер.
„Во моментов тој остава многу добар впечаток на тренингот. Тој наполни 35 години и имаше неверојатна кариера. Но, и покрај ова, тој е многу мотивиран, сè уште има големи цели, копнее по титули, па мислам дека може да игра на ова ниво уште неколку години“, изјави германскиот селектор Јоаким Лев.
Да потсетиме дека за неколку дена Макеоднија ќе и гостува на Германија во Дуизбург во тековните квалификации за Светското првенство во Катар 2022 година. Во првото коло германскиот тим ги победи Исланѓаните со резултат 3:0, а вечерва Лев и неговите избраници гостувата во Букурешт кај Романија.

