Селекторот на фудбалската репрезентацијата на Германија, Јоаким Лев, е примен во болница поради здравствени проблеми.
Лев беше хоспитализиран во Универзитетската болница во Фрајбург поради запушена артерија и проблеми со крвотокот по несреќата на еден од тренинзите, соопшти германскиот фудбалски сојуз.
„Се чувствувам подобро сега, но морам да се одморам следниот месец”, рече Лев. Помошниот тренер на Гермнаија, Маркус Зорг ќе ја предвои селекцијата на средбата со Белорусија која ја играат на 8 јуни и три дена подоцна против Естонија исто така во квалификациите за ЕП 2020 година.