Германските фудбалери доживеаа сензационална елиминација од Мундијалот во Русија и нема да можат да ја бранат титулата.
Во конкуренција на Шведска, Мексико и Јужна Кореја, четата на селекторот, Јоаким Лев, на крајот го освои третото место. Еден од најкритикуваните во германската јавност беше играчот на Арсенал, Месут Озил, кој се врати во стартната постава на дуелот со Корејците. Во одбрана на Озил застана токму селекторот, Лев.
„Секако дека не беше на посакуваното ниво, но, имаше уште неколку играчи што не ги исполнија очекувањата. Ја прифаќам одговорноста за неуспехот“ потенцирал селекторот на „панцирите“.