Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој ја доби наградата од ФИФА за најдобар во годинава, откри дека на времето имал постигнато договор со Алекес Фергусон за трансфер во Манчестер Јунајтед.
„Јас бев заинтересиран да играм за Манчестер Јунајтед, но, Борусија Дортмунд не ме пушти да заминам“ – изјави Полјакот во последното интервју.
Напаѓачот на Баварците кој ја реализира осмата сезона во гигантот од Минхен, има постигнато 266 голови на 307 мечеви.

