Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Левандовски чувствува болка во грбот по ударот на Милитао
    Фудбал

    Левандовски чувствува болка во грбот по ударот на Милитао

    risteBy riste12/04/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, откри дека има проблеми со грбот по сударот со Едер Милитао за време на дуелот против Реал Мадрид во Купот на Шпанија. Полскиот репрезентативец очекува да биде целосно подготвен за неделното гостување на Каталонците кај Хетафе во Примера, но призна дека одиграл со сериозни болки против Џирона во претходното коло.

    За време на натпреварот со Реал Мадрид на „Камп Ноу“, Левандовски падна на теренот откако Милитао го удро во грб, но сепак ги одигра сите 90 минути против Џирона во понеделникот.

    „Добив удар против Реал, но секогаш сакам да играм. Второто полувреме беше многу тешко. Морав да побарам промена. Кога се разбудив наутро, не можев да одам. Но, ние работиме со физиолози и секогаш се трудам да бидам подготвен за натпреварите. Доброто е што ќе бидам подготвен за нашиот следен натпревар“, изјави Роберт Левандовски за шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

    Полјакот изјави и дека треба да ги подобри своите перформанси бидејќи доби многу критики по ремито без голови на Барселона против Џирона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Арапите го сакаат и Заха

    07/06/2023

    Митровиќ може да го промени тимот но, не и градот

    07/06/2023

    Здравков: Брегалница покажа квалитет, имаме големи мотиви и за следната сезона

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Костов ќе ги води пелистерци во наредната сезона
    • Ивановски и Србљак влегоа во второто коло
    • Астон Мартин ќе се појави со подобар болид
    • Пристли се осврна на резултатите на Перез
    • Арапите го сакаат и Заха
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.