Полскиот интернационалец Роберт Левандовски ги сподели своите впечатоци за трансферот во Барселона.
Каталонскиот клуб го договори трансферот на 33-годишниот напаѓач за 45 милиони евра плус 5 милиони бонуси.
„Чави ми кажа дека можеме успешно да работиме заедно и да постигнеме многу. Тој има јасен план да ја врати Барселона на врвот. Дојдов овде да освојувам трофеи. Знам дека наскоро ќе наполнам 34 години. Но, се чувствувам силен и физички и психички“, изјави Полјакот во интервју за Билд.

