Полскиот голгетер во екипата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски сосема очекувано ја доби наградата „Golden Player Award” која од оваа година почна да ја доделува италијанскиот медиум „Тутоспорт“ и е слична на „Златната топка“ која ја доделува францускиот „Франс фудбал“.
„Тутоспорт“ досега доделуваше само награда „Golden boy“ за најдобар млад фудбалер во Европа до 21 година, оваа година наградата отиде кај Ерлинг Халанд, а ново воведената награда „Златен фудбалер“ за 2020 година ја доби Роберт Левандовски кој оваа година покажа најмногу, му помогна на својот тим Баерн Минхен да ја освои титулата и купот на Германија и Лигата на Шампионите и е најдобар стрелец.

