Роберт Левандовски е еден од тројцата најдобри стрелци во 21 век. Напаѓачот на Барселона синоќа постигна гол против Баерн Минхен во победата од 4:1 во Лигата на шампионите, со што стигна до 700-тиот гол во професионалната кариера.
Само Кристијано Роналдо (907) и Лионел Меси (849) ја достигнале оваа граница во тековниот век.
Левандовски постигна најмногу голови како член на клубот од Минхен – 344. За Борусија имаше 103, а за полската репрезентација 84. Откако го носи дресот на Барселона веќе има 74 погодоци, а претходно погодуваше и за повеќе полски клубови.

