Фудбалерите на Баерн Минхен вчера претрпеа изнеандувачки пораз на теренот на Аугсбург во новата рунда од Бундес-лигата. Првиот голгетер на Баварците, Роберт Левандовски, вели дека неговиот тим не ги покажал вистинските квалитети.
„Не одигравме добро. Не функционираше се. Да примиме два гола за кратко време е премногу. Моравме да играме со голема брзина“ – вели Полјакот.
„Се се менува кога ќе се постигнат гол- два. Потоа противникот почнува да игра. Сега треба да гледаме напред“ – изјави Левандовски кој го реализираше единствениот гол за неговиот тим. Тоа беше вкупно 101-от за него во тековнава година.

