Баерн Минхен на официјалната веб-страница објави продолжување на договорот со напаѓачот Роберт Левандовски до 30 јуни 2023 година. Претходниот договор за Полскиот интернационалец беше до 30 јуни 2021 година.
„Баерн стана моја татковина. Моето семејство исто така се чувствува многу удобно во Минхен. Сигурен сум дека во наредните години ќе постигнеме многу. Баерн е еден од најголемите клубови во светот, имаме одличен тим. Горд сум што сум дел од овој клуб “, рече Роберт Левандовски.
Левандовски дојде во Баварија летото 2014 година како слободен агент. Претходно, Полјакот ги бранеше боите на Борусија Дортмунд. Оваа сезона, 31-годишниот напаѓач постигна 5 гола на 2 средби во германската Бундес лига. Роберт постигна уште еден погодок во мечот од германскиот куп.