33-годишниот полски напаѓач на Баерн Минхен Роберт Левандовски го изрази своето мислење за шансите на неговиот тим да победи во актуелната Лига на шампиони.
„Баерн секогаш сака да ги освои сите трофеи. Гледајќи како играме денес и каков е нашиот состав, ние сме еден од големите фаворити за Лигата на шампионите. Но, најважно е здравјето на играчите во најважните недели од сезоната. Исто така, треба правилно да го пресметате времето за да го достигнете врвот на физичката форма во вистинско време“, изјави Роберт Левандовски.
Да потсетиме дека Баерн Минхен во 1/8 финалето од Лигата на шампионите оваа сезона ќе се сретне со австриски Ред Бул Салцбург. Првиот натпревар ќе се игра во Австрија на 16 февруари, а реваншот на 8 март.