Роберт Левандовски и Кингсли Коман се степале за време на денешниот тренинг на Баерн (Минхен), тврди весникот „Билд“. Тие биле разделени од Никлас Зуле, Жером Боатенг како и од другите соиграчите.
За изненадување на сите, сепак тренерот Нико Ковач ги оставил двајцата играчи да го завршат тренингот, наместо да ги отстрани во истиот момент, каква што е практиката во такви случаи.
Инцидентот доаѓа неколку дена по извонредниот триумф од 5:0 над Борусија (Дортмунд) во средба од Бундеслигата, со која баварците се вратија на лидерското место на табелата и се први фаворити за титулата.
Останува да видиме дали Левандовски и Коман ќе бидат извадени од составот за следниот натпревар на Баерн, кој е во недела против Фортуна (Дизелдорф).
Клубот одби да ги коментира информациите. Подоцна веста за несогласување на овие играчи беше потврдена и од телевизијата „Скај“.