Напаѓачот на Баерн Минхен и Полска, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар напаѓач на годината од „Франс Фудбал“.
Ова е првпат француско издание да ја додели оваа награда. Истата ќе биде доделена на играчот кој постигнал најмногу голови за клубот и репрезентацијата во една календарска година. Левандовски во 2021 година постигна 64 гола за Баерн Минхен и за полската репрезентација.
За потсетување, Левандовски на крајот од минатата сезона ја освои „Златната копачка“, откако стана најдобар стрелец во европските национални првенства (41 гол на 29 натпревари во Бундеслигата).

