Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, денеска ја доби наградата – „Златната копачка“, која му се доделува на најдобриот стрелец во една сезона.
Репрезентативецот на Полска во претходната постигна 41 гол во Бундес-лигата, со што го надмина долгогодишниот рекорд на славниот, Герд Милер. Церемонијата на доделување на наградата се одржа во клупскиот музеј на Баварците на стадионот – „Алијанц Арена“.
Ќе потсетиме дека корпулентниот напаѓач во изминатата година ја доби и наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на светов.