Најдобриот фудбалер на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ќе ги напушти Баварците на крајот на сезоната. Полскиот репрезентативец планира да си замине од „Алијанц“ и да потпише за Барселона.
Според дел од медиумите во неговата татковина, трансферот ќе биде околу 60 милиони евра а неговиот договор ќе биде за три сезони со плата од 8 милиони евра плус бонуси.
Левандовски кој го облече дресот на Баерн во 2014 година, досега има одиграно 369 мечеви и постигнато 340 гола.