Фудбалерите на Полска го запоседнаа првото место во групата „Ц“ откако денеска ја совладаа Саудиска Арабија со 2:0 во рамките на второто коло на Светското првенство во Катар.
Зелински го отвори резултатот во 39 минута додека Левандовски во 82-та успеа за прв пат да се запише на листата на стрелците на Мундијалите и да ја потврди победата на неговата селекција. Саудиска Арабија можеше да изедначи од пенал во завршницата на првиот дел но, Шчесни го одбрани ударот на Ал Давсари.
На табелата, Полска е лидер со 4 бодови, Саудиска Арабија има 3, Мексико 1 а Аргентина е без бод. Вториот меч од денешната понуда во групата ќе го одиграат Мексико и Аргентина со почеток во 20.00 часот.