Напаѓачот на Баерн Минхен и полската репрезентација Роберт Левандовски стана најдобар стрелец во 2019 година, објави весникот „Марка“.
Според овој извор, од 1 јануари 2019 година до крајот на оваа година Левандовски успеа да постигне 54 гола на 59 натпревари за Баерн и репрезентацијата на Полска. На второто место е напаѓачот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси , кој успеа да постигне 50 гола на 58 натпревари во календарска година. Најдобрата голгетерска тројка ја затвара, напаѓачот на ПСЖ и француската репрезентација Килијан Мбапе. Тој има постигнато 44 голови што успеа да ги постигне на 49 натпревари.
Левандовски се пресели во Баерн од Борусија Дортмунд во 2014 година. Заедно со клубот од Минхен, полскиот напаѓач пет пати стана шампион на Германија.

