Роберт Левандовски има постигнато 46 гола на 40 натпревари за Баерн (Минхен) за време на оваа сезона, но тој не е број 1 во клубот.
Изненадувачки, гледачите на „Скај Спорт Германија“ го прогласија Давид Алаба за „Фудбалер на сезоната“ во шампионскиот тим на Баерн. Дефанзивецот собра 26,6% од гласовите, а Полјакот не е ниту втор со своите 15,1%. Алфонсо Дејвис се најде на втората позиција меѓу Алаба и Левандовски со 24,9% од гласовите.
Тренерот Ханзи Флик го постави Алаба како централен дефанзивец, така што Дејвис можеше да дејствува лево. Пред неколку дена, Баварците ја одбранија титулата во Бундеслигата, а за нив тоа е осма титула по ред.