Роберт Левандовски нема намера да ја напушти Барселона следното лето, објави денес германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
37-годишниот напаѓач не размислува да се откаже од фудбалот во блиска иднина. Договорот на полскиот интернационалец со шпанскиот шампион е до 30 јуни 2026 година.
Левандовски би можел да се пензионира доколку раководството на Барса не му понуди нов договор.
Искусниот голгетер им се придружи на Каталонците од Баерн Минхен во 2022 година, по што двапати ја освои титулата во Примера дивизион, како и еднаш домашниот куп.

