Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, кој ја доби наградата – „најдобар фудбалер“ на Светското клупско првенство во Доха, го опиша достигнувањето на тимот како „неверојатно“. Баварците ги освоија сите можни трофеи (6) во една сезона.

„Сè што сакавме беше да успееме Сега имаме шест трофеи. Имавме голема желба да победиме“ – вели Левандовски.
„Им реков на момците на полувремето дека треба повеќе да упатуваме центаршутеви во шеснаесетникот“ – изјави голгетерот од Полска кој беше во улога на асистент во 59-та минута кога Павар го постигна единствениот гол на мечот.

