Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски стана најдобар стрелец во германското првенство и по завршувањето на оваа сезона.
33-годишниот напаѓач постигна 35 гола во сезоната во Бундеслигата која заврши со одигрувањето на денешното последно коло.
Така, Полјакот по 7-ми пат стана најдобар стрелец во Будеслигата, повторувајќи го рекордот на поранешниот минхенски напаѓач Герд Милер. Патрик Шик од Баер Леверкузен беше втор стрелец оваа сезона. Тој постигна 24 гола на 27 натпревари во германската лига. Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ги затвора најдобрите тројца стрелци на првенството.
Напаѓачот игра за Баерн од 2014 година. Левандовски оваа сезона забележа 46 настапи за Баерн во сите натпреварувања. Постигна 50 гола и имаше седум асистенции.

