Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постави нови рекорди на натпреварот од 18-то коло на германскиот шампионат против Шалке.
32-годишникот постигна гол во 54-та минута, кога резултатот беше 1:0, и учествуваше во победата над тимот од Гелзенкирхен со 4:0.
Овој гол беше 23-ти за Левандовски во тековната сезона од Бундеслигата. Според прес-службата на тимот од Минхен, Полјакот стана првиот што успеа да постигне толку многу голови после 18 кола од шампионатот. Исто така, Роберт Левандовски стана првиот играч во историјата на германскиот шампионат кој го погодил голот на противниците на осум гостувања по ред. Покрај тоа, напаѓачот постигнува гол против Шалке на 11 последователни натпревари. Ова е рекордна серија за Бундеслигата.
Баерн со 42 бода по 18 кола е на првото место на табелата во германскиот шампионат, 7 бода пред својот најблизок ривал, РБ Лајпциг.

