Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски има постигнато 17 погодоци (2 пенали) на 12 настапи во германската Бундес лига.
Полскиот фудбалер постигнува гол во просек на секој 58 минути. Вечерва, напаѓачот постигна два гола во мечот од 13. коло на германскиот шампионат со Баер (2:1), а вториот гол му ја донесе и победата на неговиот тим.
Левандовски води на листата на стрелци. Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е на второто место (10 гола на осум средби, 1 – од белата точка). Напаѓачот на Волфсбург, Вегхорст (9 гола на 12 натпревари, 1 пенал) и напаѓачот на Ајнтрахт, Андре Силва (9 гола на 12 натпревари, 3 пенали) го делат третото место во трката за најдобар стрелец во Бундеслигата.
Утре се играат последните два натпревари од 13. коло. Средбите од 14. коло на германскиот шампионат ќе започнат на 2 јануари 2021 година.

