Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски постигнува гол на секои 37 минути оваа сезона во германската Бундеслига, објавија медиумите во Германија.
Во пет кола од шампионатот, полскиот напаѓач постигна 10 гола (два од пенал) и даде три асистенции. Тој е неприкосновен лидер во трката за најдобар стрелец. Најблиску до него е напаѓачот на Хофенхајм, Андреј Крамариќ (6 гола). Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд (5) исто така е во првите три во овој поглед.
Баерн освои 12 поени на пет натпревари и се искачи на второто место на табелата во Бундеслигата. Лидер е РБ Лајпциг со 13 освоени бодови.
Следниот натпревар Баерн ќе го одигра против Локомотив Москва во Лигата на шампионите на УЕФА на 27 октомври.