Напаѓачот на Полска, Роберт Левандовски, не успеа да постигне погодок во првите две кола на фудбалскиот форму во Русија.
Неговиот состав по вчерашниот пораз од Колумбија со 3-0 , остана закован на дното на табелата и без теоретски шанси за пласман во наредната фаза. Искусниот голгетер во последното интервју признава, дека секоја грешка скапо се плаќа посебно на значајните меѓународни натпреварувања.
„Едноставно објаснување е дека Колумбија беше подобра.Тие ги користеа нивните моменти и создадоа многу шанси. Кога ќе доживеете два пораза, јасно е дека ќе испаднете.Такви се законите на Светското првенство“ – рече Левандовски.